ДРУШТВО ЗА РЕВИЗИЈА

КОЈЗАКЛИЕВ-ПАВЛЕСКА

Ревизорски тим

Ревизорски тим располага со широк спектар на знаење и искуство кои ќе допринесат за успешно извршување на ангажманите.

Професионалниот развој и успешното градење на кариерата на нашиот тим се состои од:

  • практично искуство. При секојдневното работење се решаваат комплексни прашања и ситуации од различни дејности што дава можност за збогатување на искуството на целиот тим
  • формално унапредување на знаењето. Преку континуирана посета на курсеви за професионално усовршување и спроведување на интерни обуки се надоградува знаењето на тимот
  • учење преку тимска работа. Тимска работа и постојаната комуникација и менторство им овозможува на помладите членови на тимот да акумулираат знаење и вештини од постарите членови.

  • дипломиран економист, овластен ревизор Јорданчо Којзаклиев
    • Основач и управител на Друштво за ревизија КОЈЗАКЛИЕВ – ПАВЛЕСКА ДОО Скопје, со над 30 години работно искуство во областа на сметковдството и финансиите
    • Одговорен ревизор на ревизорски ангажмани на правни субјекти од јавниот и приватниот сектор од 2004 година до денес
    • Бил претседател на одборот за ревизија на ИК банка АД Скопје сегашна ХАЛК банка АД Скопје. Директор и член на Управен одбор на Граѓанска штедилница ДОО Скопје
    • Директор за сметководство и финансии на СОЗТ МЗТ Скопје. Одговорен за економските функции – оперативни финансии, сметководство, управувачко сметководство, план и анализа, дизајнирање на интерни контролни системи, годишни финансиски планови и друго
    • Уверение за овластен ревизор број 35 издадено од Министерство за финансии од 2003 година
    • Лиценца за вршење на работа на ревизија број 78 од 29.04.2013 година издадена од Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија
    • Трајно уверение за овластен сметководител од 2012 година
    • Уверение за положен испит за проценувач од областа на земјоделството од 2012 година
  • дипломиран економист, овластен ревизор Даринка Којзаклиева Жежова

    • Над 5 години работно искуство во областа на сметководството и ревизијата
    • Лиценца за вршење на работа на ревизија број 221 од 21.03.2018 година издадена од Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија
    • Уверение за овластен сметководител од 2014 година

  • администратор Златко Жежов