ДРУШТВО ЗА РЕВИЗИЈА

КОЈЗАКЛИЕВ-ПАВЛЕСКА

За нас

Друштвото за ревизија КОЈЗАКЛИЕВ – ПАВЛЕСКА ДОО Скопје е основано во јули 2003 година како домашно правно лице за вршење на работи во областа на ревизијата, сметководството и даночно советување. Основач и доминантен сопственик на друштвото е овластениот ревизор Јорданчо Којзаклиев.

Врз онова на законот за ревизија, Друштвото има решение за работа издадено од Министерство за финансии на Република Македонија број 07-15254/1 од 16.07.2003 година и Лиценца за вршење на работи за ревизија издадена од Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија со број 15 од 12.08.2014 година. Друштвото е член на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија и се води во регистарот на друштва за ревизија под реден број 12.

Во досегашното работење Друштвото делува со визија за потврдување на успехот преку зацврстување на довербата кај постојните клиенти и создавање на доверба кај нови клиенти имплементирајки ги поставените принципи на работење.

Спроведувањето на објективни и независни ангажмани како и издавање на конкретни препораки на клиентите за подобрување на состојбите на деловниот ентитет во правец на максимизирање на профитот и зачувување на капиталот на сопствениците, е наша мисија низ годините.

Принципи во работењето

Нашето работење е базирано на следните клучни принципи:
  • професионализам на ревизорскиот тим
  • посветеност во работењето
  • доверливост во сите аспекти
  • интегритет и објективност

Извршувањето на нашите ангажмани очекуваме да донесе бенефит за Вас, Вашето раководство и Вашето работење преку:
  • нашето суштинско познавање на финансиско-материјалното работење и изготвување и обелоденување на годишните финансиски извештаи согласно законската регулатива во Република Македонија
  • отворена и навремена комуникација за време на ангажманот
  • давање на препораки и предлози за: управување со ризици при работењето, унапредување на Вашиот сметководствен систем и контролните системи за следење на спроведувањето на политиките и процедурите донесени од раководството и спроведувањето на законската регулатива.